Ремзи заминува од Арсенал и се сели во поранешен освојувач на ЛШ!

Арсенал одамна се откажа од Арон Ремзи бидејќи не се подготвени да му ја зголемат платата, па поради тоа фудбалерот од Велс си бараше нов клуб.

Англиските медиуми пишуваат Ремзи по 10 години ќе го напушти клубот од северен Лондон, откако со него се договорил Баерн Минхен.

Ремзи, наводно, се согласил на нивните услови, па преминувањето во Минхен е речиси готова работа.

Баерн наредното лето најави дека ќе ангажира голем број нови фудбалери, а меѓу желбите на управата беше токму Ремзи.