Ремзи со емотивна порака до навивачите: Со тешко срце заминувам од Лондон...

Арон Ремзи е нов фудбалер на Јувентус, но од наредното лето, откако потпиша преддоговор со италијанскиот гигант, каде што треба да остане во наредните четири години.

Ремзи им се заблагодари на навивачите што го поддржувале во претходните 11 години, а вети дека ќе даде 100% од своите можности Арсенал до крајот на сезоната да постигне што е можно подобар резултат.

„Како што најверојатно веќе слушнавте, потпишав преддоговор со Јувентус. Сакам да им испратам соопштение на навивачите на Арсенал, кои беа лојални и полни со поддршка. Ме пречекавте како тинејџер и бевте тука за мене низ сите падови и успеси со кои се сретнав. Со тешко срце заминувам по 11 години во Лондон. Ви Благодарам. Ќе продолжам да давам 100% во надеж дека ќе ја завршиме сезоната како што треба“, напиша Ремзи.