Ремзи се договорил - ќе стане најплатен Британец во историјата

Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи долго време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, а конечно тоа би можело да се случи на лето. Новинар на „Би-би-си“, Дејвид Орнштајн објави дека Британецот се договорил со управата на италијанскиот клуб.

Ремзи по 11 години ќе го напушти Северен Лондон, а во Италија ќе стане најплатениот Британец во историјата, откако се договорил да добива 400.000 фунти неделно, па така ќе заработи големо богатство.

Се шпекулираше за разни суми, но речиси никој не претпостави дека Ремзи ќе стане втор најплатен фудбалер на Јувентус и втор најплатен во италијанската Серија А.