Ремонт на „Крејвен Котиџ“: Раниери откри што ќе менува во Фулам

Новиот тренер на Фулам, Клаудио Раниери, прифати многу тежок предизвик за да го извлече тимот од лошата серија и да го спаси од испаѓање од Премиерлигата.

На тренерската клупа го наследи Славиша Јокановиќ, кој од почетокот на сезоната не успеа да пронајде решние за играта во дефанзива.

Често ги менуваше фудбалерите во одбраната и бараше идеален состав, но поразите постојано пристигнуваа, а токму тој дел од играта е нешто на кое ќе работи Раниери.

„На нас италијанските тренери одбраната ни е најважен дел од тимот. Важно е да имаме вистинска визија како да се браниме, не само дефанзивците, туку целиот тим. За мене тимскиот дух е многу важен“, кажа Раниери.

Неговото деби на клупата на Фулам ќе биде против Саутемптон на „Кревен Котиџ“.