Реконструкција во Мадрид: Лопетеги го прави најмоќниот Реал во историјата!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетег, планира да го реконструира својот нов тим, па поради тоа подготвил листа со пет засилувања.

Лопетеги сака да купи што е можно повеќе Шпанци, па поради тоа на листата со потенцијални засилувања ги има Давид де Хеа, кого Манчестер јунајтед тешко ќе го пушти, а вториот Шпанец е Алваро Одриозола, кој е на чекор од европскиот шампион.

Во средината на теренот, Лопетеги ја убедува управата да го ангажира Тијаго Алкантара, поранешен играч на Барселона, а наводно за него планираат да платат 80 милиони евра,

Исто така, новиот тренер на „кралевите“ во екипата сака да ги донесе Нејмар и Роберт Левандовски во нападот