„Речиси ми го скрши зглобот, а на крајот јас добив жолт картон!“ (ВИДЕО)

Синоќа беше одиграно вечното италијанско дерби во Милано помеѓу екипите на Интер и Милан, а на крајот победија „нераѕурите“ со голот на Мауро Икарди во 92. минута, по големата грешка на Џанлуиџи Донарума.

Сепак, еден момент од 21. минута беше во центар на внимание. ВАР-технологијата поради офсајд поништи два гола, но во една ситуација не се покажа најдобро.

По дуелот на Лукас Биља и Раџа Наинголан на средината на теренот, Аргентинецот го извлече подебелиот крај, а повторената снимка покажа дека всушност Белгиецот направил прекршок и намерно стартувал на зглобот на играчот на Милан.

„Немам ништо против него. Такви работи се случуваат во фудбалот. Но, мојот зглоб и колено не се во добра состојба. Разговарав со него и ми кажа дека не било лесно да се игра во таква, а исто така добив и жолт картон. Не е на мене да судам, но сметам дека ВАР-технологијата мора да се користи со поголемо внимание“, објасни Биља по дуелот.