Ребиќ повторно џокер: Милан ја запиша третата победа по ред (ВИДЕО)

Анте Ребиќ откако со два гола му донесе триумф на Милан против Удинезе минатиот викенд, вечерва повторно беше човек на одлука на гостувањето кај Бреша во рамки на 21.коло во Серија А.

Хрватот уште еднаш влезе од клупа и погоди во 71-та минута за 0-1 по еден карамбол во шеснаесетникот на домашниот тим. Овој погодок беше доволен за „росонерите“ да ја запишат третата победа во низа во првенството и полека покажуваат знаци на напредок.

Златан Ибрахимовиќ не реализираше чист зицер во првото полувреме за Милан, но мора да се истакне дека и домаќинот имаше одлични шанси при резултат 0-0. Точка на победата на гостите од Милано можеше да стави Тео Ернандез, но по еден фантастичен продор од 50 метри неговиот шут од далечина заврши само во пречката.