Ребиќ по голот против Рома ги пцуеше хејтерите на Милан (ВИДЕО)

Милан беше во ужасна форма изминатиов период и одигра неколку натпревари под секое ниво против Специја, Црвена Звезда и Интер. 

Стигнаа многу критики кон „росонерите“, кои синоќа на „Олимпико“ покажаа дека нема така лесно да се предадат во борбата за врвот. Анте Ребиќ го постигна победничкиот гол за 1-2 против „волчицата“, а откако реализираше го стави прствот на уста за да ги замолчи критичарите и упати сочни пцовки кон камерата.

Многу лесно може да се разбере што кажа Ребиќ иако не се слуша од коментаторот.