Ребиќ доби ултиматум во Франкфурт: Или почни да играш или – оди си!

Хрватската ѕвезда во германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ доби ултиматум од тренерот Ади Хитер, откако офанзивниот фудбалер одигра очајно на вчерашниот меч со Стразбур во плејофот за пласман во Лига Европа, по што беше заменет на полувреме.

Ребиќ во последно време се поврзува со трансфер во Интер, па тренерот се сомнева дека паметот на Хрватот не му е во мечевите за Ајнтрахт и поради тоа му поставил ултиматум откако го заменил.

„Ако сака да остане, тогаш ќе мора да почне да игра фудбал. Од него барам да биде концентриран, да покаже желба. А, ако не сака – ќе се снајдеме и без него. Кога сте фудбалер на Ајнтрахт, јас од него сакам да даде сѐ што може. Од Ребиќ ништо не видов. Ако не сака да игра, тогаш може да си оди“, рекол Хитер.

Според најавите Ребиќ ќе има состанок со Хитер и спортскиот директор Фреди Бобиќ, а до крајот на преодниот рок и евентуално заминување има уште осум дена. Ајнтрахт во минатата сезона стигна до полуфинале во Луга Европа, а сега со поразот од Стразбур е на чекор да остане без европска есен.