Реал Сосиедад со убедлив триумф се врати во топ-4 во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Сосиедад во 25. коло запиша убедлив триумф од 3-0 против Валенсија и така успеа да се врати во топ-4 во шпанската Ла Лига.

Мерино во 12. минута погоди за 1-0, по што Монреал зголеми на 2-0 во финишот од првите 45 минути.

На самиот старт на второто полувреме Јанузај повторно ги „тресна“ гостите и зголеми на 3-0, по што Валенсија не успеа да постигне ниту почесен погодок.

Барселона е лидер во моментов со 55 бодови, Реал Мадрид има 53, Хетафе 42, а Реал Сосиедад 40, колку и Атлетико Мадрид и Севилја на делба на четвртото место.