Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва пристигнаа во каталонскиот град Џирона, каде што утре ќе го играат дуелот против истоимениот тим во рамките од Примера лигата

Дуелот привлече големо влијание, поради најновиот развој на настаните во Каталонија, која вчера прогласи независност од шпанија.

Но, на само 100 километри, колку што е оддалечена Џирона од Барселона, играчите од Мадрид ги пречекаа навивачи облечени во дресовите од краслкиот клуб со шпански знамиња.

Претходно, градоначалничката на Џирона, Марта Мадренас, рече дека нема да има никакви проблеми, зашто Реал доаѓа во цивилизиран град.

„Во Џирона, како и во цела Каталонија, живеат цивилизирани и одговорни луѓе. Нема причина да има проблеми“, рече Мадренас.