Реал пикира бек на Јунајтед како замена за Карвахал

Португалскиот репрезентативец Диого Дало е најнова желба на Реал Мадрид за засилување за идната сезона.

Десната бековска позиција е една од најлошо покриените во тимот, пред се поради одличниот Карвахал кому не му треба силна замена затоа што играше фантастично последните сезони. Сепак, тој наскоро ќе наполни 33 години и клубот мора да планира да донесе фудбалер кој би можел да покрие, барем повремено.

Прв избор на Карло Анчелоти за тоа место беше играчот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд, но неговиот трансфер ќе биде премногу тежок, па како алтернатива е избран Дало. Португалецот има 11 одиграни натпревари во дресот на Јунајтед, а една сезона помина на позајмица и во Милан, додека за националниот тим досега одигра 24 меча и постигна три гола. Најважно е тоа што има 25 години и се наоѓа во најдобра фудбалска возраст.