Реал останува со празни раце: Атлетико му „краде“ голема желба на градскиот ривал!?

Неколку поранешни фудбалери на Реал Мадрид ќе настапуваат за Атлетико Мадрид во следната сезона, а би можел да им се приклучи уште еден фудбалер, кој го посакуваа „кралевите“ летово.

Најновите шпекулации се дека Кристијан Ериксен наместо во Реал, ќе се пресели во градскиот ривал Атлетико, иако долго време „кралевите“ покажуваа интерес за искусниот Данец.

Сепак, нема толку лесно Тотнем да се откаже од услугите на Ериксен, додека претходно не успее да го врати Герет Бејл, кој пред неколку години му го продаде на Реал.