Реал никогаш не бил полош, а најскапото засилување дава евроголови за Б-тимот (ВИДЕО)

Европскиот првак Реал Мадрид пишува црни рекорди во својата историја со катастрофалните настапи во изминативе месец дена, едвај успеа да деде гол после осум часа пост, ама поразите се редат како на филмска лента и нормално алармот е вклучен на „Сантјаго Бернабеу“.

Столчето на Хулен Лопетеги сериозно се ниша, шпанските медиуми најавија дека само привремено преживеа и дека наскоро ќе биде сменет, ама во Мадрид сите се чудат како може најскапото засилвање да игра за Б-тимот и да дава евроголови, а да не е со првиот тим.

Винчиус жуниор дојде за 40-на милиони евра и денеска погоди спектакуларно од слободен удар. Два голмани немаше да го одбранат неговиот удар. Сепак, тоа не е доволно, да биде стандарден во првиот тим. Досега Винчиус одигра само 12 минути.