„Реал мора да промени половина тим, а Бејл од почит треба да научи шпански!“

Реал Мадрид се наоѓа далеку од првото место во шпанската Ла Лига, па навивачите воопшто не се задоволни со тоа, а еден од главните виновници според фановите е Марсело.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Џон Тошак вели дека Марсело не е единствен проблем на „кралевите“ и дека половина тим мора да се промени.

„Не е Марсело единствен проблем во екипата. Реал Мадрид мора да смени половина тим. А, Герет Бејл треба да научи шпански јазик, барем од почит кон луѓето кои го плаќаат“, вели Тошак.

Легендарниот тренер го предводеше Реал во сезоната 1989/90 година и ја освои титулата, а вторпат на клупата беше како привремено решение во 1999 година.