Реал Мадрид веќе си го урна клупскиот рекорд, а допрва треба да пукне уште една бомба! (ФОТО)

Најголемиот европски клуб Реал Мадрид после катастрофалната сезона без трофеи веќе направи сериозна реконструкција и ангажираше пет извонредни фудбалери за кои потроши веќе 300 милиони евра, а официјално преодниот рок не е ни започнат.

Синоќа, Реал објави дека е купен Ферланд Менди како засилување за левата бековска позиција, откако претходно во „кралскиот клуб“ дојдоа и Едер Милитао, Лука Јовиќ, Родриго и Еден Азар. За оваа петокра, Реал потроши 303 милиони евра. Најскап е Азар со 100, па Јовиќ со 60, Милитао чини 50, Менди 48, а Родриго 45 милиони евра.

Со ова за речиси 50 милиони евра е подробрен клупскиот рекорд од 2009 година кога Флорентино Перез потроши 254 милиони евра за да ги донесе Кристијано Роналдо (96 милиони), Кака (65), Карим Бензема (35), Чаби Алонсо (30), Раул Албиол (15)...

Но, прашање е дали Реал Мадрид тука завршува со преодниот рок и засилувањата што ги бараше Зинедин Зидан, зашто од поодамна се најавува дека мадриѓаните ќе потрошат преку 500 милиони евра на засилувања. А, на листата на желби се Погба, Ндомбеле и Мбапе. И нема да биде изненадување ако летово експлодира уште една бомба, пред се трансфер на Мбапе, кој според најавите ги шокирал сите во ПСЖ со барање за трансфер.

Тоа што е сиурно е дека 13 фудбалери ќе заминат од „Сантјаго Баернабеу“, а Реал планира да собере преку 200 милиони евра за да не направи сериозна дупка во финансиите и да има проблеми со финансискиот фер-плеј. Од играчите од кои може да се надева дека доброќе заработи пред се тука е Герет Бејл, па Хамес Родригес, можно е Марсело, Касемиро, Кејлор Навас...