Реал Мадрид тргна по нови засилувања - прво почна преговори со Аргентинец!

Актуелниот европски првак Реал Мадрид тргнал во изградба на нов галактички тим, а прв на листата е аргентинскиот контроверзен напаѓач Мауро Икарди од Интер. Шпански „Дон Балон“ најави дека „кралевите“ веќе ја почнале процедурата за да го договорат Икарди како прво засилување за 110 милиони евра.

Според пишувањата на овој шпански магазин, Икарди чекал дали Барселона повторно ќе се јави, зошто имал желба да заигра во Каталонија, каде помина мал дел од младинската кариера, но откако сфатил дека нема одговор од „Камп Ноу“, а наводно Лионел Меси не го сака премнгоу и поради тоа не беше викнат ниту во репрезентацијата на Аргентина за СП во Русија, Икарди се решил да ја профати понудата на Реал Мадрид.

Во Мадрид веруваат дека Икарди е идеално решение за нападот, кога веќе го нема Кристијано Роналдо, а Карим Бензема е далеку од идеална форма, плус со Иско, Марко Асенсио, па и Герет Бејл многу брзо би се вклопил во системот и би почнал да дава голови за „кралевите“.

Наводно Реал Мадрид веќе е подготвен да ги плати 110-те милиони евра колку што е откупната клаузула и да го искористи моментот додека Аргентинецот не ставил потпис на нов договор со Интер, кој од управата на „нераѕурите“ го најавуваат веќе подолго време. Менаџер на Икарди е неговата сопруга Ванда Нара, која неколкупати истакнуваше дека сака да живее во Шпанија.

Инаку Икарди се поврзуваше и летово со Реал Мадрид, но до трансфер не дојде.