Реал Мадрид се налути: Модриќ добива плата од соништата!?

Реал Мадрид е подготвен да му понуди вистинско богатство на Лука Модриќ за да го задржи во екипата, и покрај интересот на Интер, известуваат шпанските медиуми.

Интер во последниот период се поврзуваше како наредна дестинација на Хрватот, а наводно Модриќ ги имал договорено и личните услови, па се чекал само одговор од Реал.

Сепак, денеска шпанските и италијанските медиуми пишуваат дека управата на Реал се налутила, па претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, бил подготвен да му понуди на Модриќ неверојатни 13 милиони евра годишно, односно двојно повеќе од тоа што го добива во моментов.

Освен тоа, таа сума за три милиони евра по сезона е поголема од понудата која му ја нуди Интер и тоа наводно на Модриќ му се допаднало.

Но, засега не може ништо да се потврди со сигурност бидејќи владее вистински хаос кога станува збор за иднината на Модриќ, па сите очекуваат наскоро дека сè ќе биде познато.