Реал Мадрид подготвувал понуда за Хаверц, Ковид-19 го растурил планот

Каи Хаверц моментално е еден од најбараните фудбалери во светот по фантастичните игри во дресот на  Баер Леверкузен сезонава.

Младиот Германец особено блеска по рестартот на Бундеслигата, па затоа вниманието на цела светска јавност е насочено кон него. Шпанските медиуми велат дека пред пандемијата поради коронавирусот, Реал Мадрид правел планови да го доведе Хаверц на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ наводно биле подготвени да понудат и 80 милиони евра за 20-годишниот фудбалер.

Тоа е доста помалку во однос на откупната клаузула од 100 милиони што ја има во својот договор со „фармацевтите“. Можеби шанскиот гигант и натаму има планови за Хаверц, па при следната шанса ќе испрати и официјална понуда.

Иако од таборот на Леверкузен се надеваат дека германскиот репрезентативец ќе остане барем уште една сезона во тимот, јасно е дека ќе имаат проблем да го задржат ова лето. Баерн Минхен исто така подготвува понуда, а интерес има и од ПСЖ, Манчестер јунајтед и Ливерпул.