Реал Мадрид подготвил 400 милиони евра за нов трансфер-рекорд

Реал Мадрид во минатото ги купуваше најдобрите и најскапите фудбалери во светот. Изминативе две сезони, „кралевите“ се доста мирни на пазарот, но како што пишува „АС“, Флорентино Перез најавува „бомба“ во скоро време.

Тимот остана без Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус, па целата спортска јавност мислеше дека сега Реал Мадрид ќе го сруши рекордот на Нејмар од 222 милиони евра.

Наводно, Челси одбил 240 милиони евра за Еден Азар од Реал Мадрид, но тоа не го обесхрабрува Перез, кој наводно сега е подготвен да потроши помеѓу 370 милиони и 4з0 милиони евра за новиот „галактико“.

Прв на листата желби секако е Еден Азар. Белгиецот сезонава игра во фантастична форма и ја продолжи добрата игра од Светското првенство во Русија. Втората идеја на Перез е Нејмар, но овој трансфер може да предизвика силен притисок врз фудбалерот, особено поради фактот што е поранешен фудбалер на Барселона.

Последната опција за Реал Мадрид е Килијан Мбапе. Младиот Французин игра на највисоко ниво иако има само 19 години, но ќе биде многу тешко да се убеди ПСЖ да го продаде.

Сепак, понуда од 400 милиони евра е нешто што веројатно не се одбива.