Реал Мадрид подготви тужба за Интер поради Модриќ

Реал Мадрид не планира мирно да ја следи ситуацијата како го губи Лука Модриќ. Хрватот, наводно, сака да се пресели во Милано, каде што треба да потпише четиригодишен договор со плата од 10 милиони евра годишно.

Во Мадрид се налутија на потегот на Интер, па планираат да го тужат тимот до УЕФА. Реал смета дека „нераѕурите“ ги прекршиле правилата на Финансискиот фер-плеј, зашто дел од парите за договорот на Модриќ планираат да го добијат од кинески Сунинг.

„Ел Мундо Депортиво“ пишува дека нискиот данок во Италија е уште една причина зошто Модриќ сака да замине од Реал, со кој има договор на две години и годишна плата од 6,5 милиони евра.

„Реал Мадрид е подготвен да го слушне Модриќ и да му ја зголеми платата“, пишува каталонскиот медиум, но додава дека управата на Реал е лута на агентите на Хрватот, кои го убедуваат да се пресели во Италија.