Реал Мадрид по Азар има план и за Салах!

Реал Мадрид летово ќе доживее вистинска реконструкција во играчкиот кадар. Прв на листата на потенцијални засилувања е Еден Азар и ако им се верува на многуте шпекулации Белгиецот наскоро ќе биде претставен како нов играч на „кралевите“. 

Сепак, Реал Мадрид има уште поамбициозен план и како замена за Герет Бејл го планира Мохамед Салах. Според „Канал +“, шпанскиот гигант ќе се обиде да го убеди Ливерпул да го продаде Мохамед Салах.

Засега не се споменуваат одредени суми, но за „црвените“ да почнат да размислуваат за продажба на својот најдобар фудбалер, веројатно Реал Мадрид ќе треба да понуди барем 200 милиони евра.

Еѓипќанецот иако не беше на нивоото од лани, повторно  имаше одлична сезона со постигнати 27 голови во сите конкуренции. Тренерот Зинедин Зидан сонува напаѓачкото триу на Реал Мадрид следната сезона да биде Азар, Бензема и Салах.