Реал Мадрид планира да собере 500 милиони евра од продажба на фудбалери

Во таборот на Реал Мадрид ова лето ќе има големи промени. Откако Зинедин Зидан се врати на кормилото, јасно е дека следната сезона составот ќе биде креиран по негов вкус. 

Ќе има многу заминувања од „Сантијаго Бернабеу“, а ќе има и многу нови имиња. Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ би можеле да инкасираат дури половина милијарда евра само од продажба на фудбалери.

Еден од првите фудбалери кои дефинитивно нема иднина кај Зидан е Матео Ковачиќ. Истото важи и за Хамес Родригез, чија двегодишна позајмица во редовите на Баерн Минхен истекува ова лето. 

Маријано Дијаз се врати во Реал Мадрид изминатото лето од Лион, но напаѓачот веројатно повторно ќе биде продаден. Еден од оние кои треба да го напуштат клубот е и Марсело. Еден од оние кои сигурно ќе биде продаден е Герет Бејл и воедно фудбалер од кого клубот може да инкасира и најголема сума, се споменува цифра од околу 90 милиони евра. 

На трансфер листата ќе заврши и дефанзивецот Хесус Валјехо, а неизвесна е и судбината на Тони Крос. Рафаел Варан посакал да си замине и важи за фудбалерот од кого исто така може да се заработи и тоа цели 80 милиони евра.

Засега не е јасно дали Иско ќе го напушти Реал Мадрид, бидејќи со враќањето на Зинедин Зидан тој веднаш доби далеку поголема минутажа и улога на теренот во однос на преходните двајца тренери Сантијаго Солари и Хулен Лопетеги.

Ова се сите фудбалери на Реал кои би можеле да го напуштат клубот и да се соберат речиси 500 милиони евра. Зидан би ги инвестирал во фудбалери како Еден Азар и можеби Килијан Мбапе.