Реал Мадрид откри кога ќе го промовира Азар (ФОТО)

Белгискиот фудбалер Еден Азар го напушти Челси и својата кариера ја продолжи во дресот на Реал Мадрид, а „кралевите“ за неговите услуги ќе платат околу 130 милиони евра вкупно.

„Кралевите“ на официјалната страна објавија дека утре Азар ќе пристигне на медицински прегледи во Мадрид, а тогаш и ќе го потпише договорот со клубот.

Официјалното претставување пред навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ е закажано за утре од 19 часот, а претходно ќе биде одржана првата прес-конференција на Азар во дресот на „кралевите“.