Реал Мадрид нема позитивни на Ковид-19, ѕвездите од понеделник се враќаат на тренинг!

Сите фудбалери на Реал Мадрид, како и останатите членови на стручниот штаб имаат негативни тестови на Ковид-19, па тие ќе се вратат во акција од 11 мај.

Уште од вчера беше позната информацијата дека сите ѕвезди на Барселона немаат позитивни случаи, па се вратија на тренинг, а тоа ќе го направат и „кралевите“ од понеделник.

Шпанската Ла Лига засега не даде дозвола за рестарт на сезоната, но сите се надеваат дека таква одлука ќе биде донесена во следните денови.