Реал Мадрид најде решение како да го земе Погба, а да го откачи Бејл

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид мака мачи да го откачи Велшанецот Герет Бејл, кој им прави проблеми со инаетот да не си замине од „Сантјаго Бернабеу“ и им ги урива плановите на „кралевите“ за да тргнат во операција да го купат Пол Погба од Манчестер јунајтед.

 

Откако Бејл во изминативе 24 часа веќе сигурно го продадоа англиски и кинески медиуми во Кина и тоа за неверојатна плата од милион евра неделно, Бејл тоа го одбил и ги шокирал сите, па и својот менаџер. Иако сите очекувале завршена работа, од која Реал ќе инкасирал 60 милиони евра, работата пропаднала. Патем италијански медиуми го најавуваа неговото доаѓање во Интер, ама и тоа пропаѓа.

На крајот, Реал Мадрид според пишувањата на „АС“ го извадил последниот адут од ракавот – со еден удар да убие две муви. Понудиле 150 милиони евра за Погба, а гратис на Јунајтед им го даваат Бејл. Сега останува да се види дали понудата е прифатлива на „Олд Трафорд“, особено што Јунајтед во минатото беше заинтересиран да го купи Велшанецот, но тогаш Флорентино Перез имаше преалчни барања и сакаше трансфер од 200 милиони евра.