Реал Мадрид на колена: Барди и Леванте ги шокираа „кралевите“ (ВИДЕО)

Леванте успеа да слави против големиот фаворит Реал Мадрид со 1-0 во 25. коло од шпанската Ла Лига, а македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра цел меч за неговиот тим.

„Кралевите“ доминираа од самиот старт на натпреварот, па во првото полувреме имаа 11 удари кон противничкиот гол, но не успеаа да ја затресат нивната мрежа.

Казната за гигантот од Мадрид пристигна во 79. минута кога Хозе Моралеш ги шокираше „кралевите“ и ги постави конечните 1-0.

Реал Мадрид ѝ го препушти врвот на најголемиот ривал Барселона, па сега имаат 53 бодови, односно два помалку од Каталонците.