Реал Мадрид му нуди спектакуларна трампа на Тотнем (ФОТО)

Реал Мадрид сезонава не игра најдобро, откако летоска си замина Кристијано Роналдо од нивниот тим, а Герет Бејл не успеа да ја наследи неговата улога во екипата.

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл требаше да го предводи тимот, но тој ги разочара очекувањата на навивачите и управата, па поради тоа претседателот Флорентино Перез подготвува мега-трампа.

„Марка“ пишува дека Реал на лето ќе го понуди Бејл на Тотнем како замена за Крисијан Ериксен. Поради тоа што Велшанецот настапуваше во Лондон шест години пред да замине за Мадрид, постои голема шанса да се реализира трансферот.