Реал Мадрид му договори клуб на Ендрик во кој ќе треба да ја оживее кариерата
Новинарот Фабрицио Романо објави дека „кралевите“ му договориле позајмица во поранешниот француски шампион Лион.
Преговорите почнале уште во октомври, но конечно е забележан напредок во истите во текот на овој месец, што значи дека Ендрик би требало во јануари да се пресели во Франција.
Ендрик ќе замине на позајмица во Лион, кој не добива опција да го откупи неговиот договор бидејќи Бразилецот се очекува да биде важен член на Реал во иднина.