„Реал Мадрид ќе испише историја и без Роналдо“

Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго, го кажа своето мислење за својата поранешна екипа по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Легендарниот Португалец зборуваше за својот сонародник Роналдо, но исто така смета дека Реал нема да има проблеми по неговото заминување.

„Кристијано е одличен играч, но неговото заминување нема да влијае лошо на Реал. животот оди понатаму и тие кои стигнаа ќе испишат историја, тие уште сега играат одлично“, кажа Фиго.

Фиго настапуваше за Реал Мадрид од 2000. до 2005. година, а кај „кралевите“ пристигна по шокантната преселба од Барселона за 62 милиони евра.

По пет години во Мадрид, Фиго реши да се пресели во Интер, каде што играше до 2009. година, кога ја заврши својата кариера.