Реал Мадрид ја закажа промоцијата на Лопетеги!

Хулен Лопетеги е нов тренер на Реал Мадрид, а на клупата ќе го замени Зинедин Зидан, кој пред две недели одлучи да даде отказ.

Поради тоа што ја прифати понудата на „кралевите“, фудбалската федерација на Шпанија одлучи вчера да го отпушти и да најде негова замена за Мундијалот во Русија.

Шпанскиот тренер се врати денеска од Русија, а официјалното претставување на „Сантјаго бернабеу“ е закажано за вечерва во 19 часот.