Реал Мадрид ја освои Севилја: Бензема го замолкна „Санчез Писхуан“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Севилја во најинтересниот натпревар од 5.коло во Ла Лига. 

Стрелец на единствениот гол за „кралевите“ беше Карим Бензема во 64-тата минутаод натпреварот. Французинот реализираше со глава по одличниот центаршуот од десната страна на Дани Карвахал. За Бензема ова беше петти сезонски погодок.

Со оваа победа Реал Мадрид се израмни на врвот на табелата во Ла Лига со 11 бодови, колку што има и Атлетик Билбао. Севилја го доживеа првиот сезонски пораз.