Реал Мадрид имал пеколен план: Како „кралот“ пробал да го украде Меси од Барселона?

Угледниот германски магазин „Дер Шпигел“ објави неверојатна приказна за најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид, актуелен европски светски првак, кој во 2013 година се обидел да ѝ го украде најдобриот фудбалер на Барселона – Лионел Меси.

Звучи неверојатно и лудо, но мадриѓаните имале разработен план, во кој дури бил вклучен и премиерот на Шпанија, Мариано Рахој, кој требало да интервенира во скандалот со неплатениот данок со кој се соочи Аргентинецот и неговиот татко. Од Реал Мадрид ваквата приказна нормално ја демантираа и ја посочија како „лажна“.

Според „Шпигел“ во јуни 2013 година, Реал Мадрид имал пеколен план според кој требало да плати 250 милиони евра за трансферот на Аргетинецот, што тогаш би било неверојатен рекорд.

Иниго Хуарез, тогашниот адвокат на семејството Меси го информирал таткото на најдобриот фудбалер Хорхе, дека Реал Марид е подготвен да плати астрономска отштета, која ви била апсолутен рекорд ако се реализирала (актуелниот рекорд сега го држи Нејмар со трансферот од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра)/

Меси за трансферот би требало да добие 23 милиони евра по сезона до 2021, а „кралскиот клуб“ ќе го наградел и неговиот татко со еден милион евра за „туркање на работата кон реализација“.

Пеколниот план на Реал Мадрид бил склопен на состанок и на тој состанок било договорено како да се намами Аргентинецот да дојде во Мадрид. На истиот биле претседателот на Реал, Флорентино Перез, спортскиот директор Мигерл Паредез, адвокат на Реал Мадрид и адвокатот на Меси, Хуарез. На истиот состанок биле договарани чекорите кои ќе се преземат, висината на парите, но најмногу му било укажувано на Хуарез дека Реал преку премиерот ќе помогне во „случајот данок“ за Меси.

Хуарез потоа го уверувал таткото на Меси, Хорхе дека адридскиот великан ќе го притисне премиерот Рахој околу истрагата која во тоа време се оди против Меси и дека целиот случај ќе завршел едноставно и без преголемо медиумско внимание.

Но, очекувано од трансферот не биднало ништо, затоа што Меси е исклучително приврзан кон Барселона и не сакал да го предаде клубот кој му дал сè.