Реал Мадрид има договор со Челси за Азар: Сумата е неверојатна

Еден Азар постојано е цел на шпекулации и веќе подолго време се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид. 

Иако „сините“ сакаат да го задржат, се чини дека Белгиецот сака нов предизвик во кариерата и преселба во Мадрид. Откако вчера излегоа информации дека Челси е во преговори со Реал Мадри за целосно откупување на договорот за Матео Ковачиќ, друг извор вели дека двата клуба зборувале и за Еден Азар.

Крилниот напаѓач влегува во последните 18 месеци од договорот, па доколку Челси сака да профитира од неговиот трансфер ќе мора да го продаде или во јануари или во јуни 2019 година.

Според најновите шпекулации, Реал Мадрид има договор со Еден Азар за личните услови, а при крај се и преговорите со Челси. Наводно „кралевите“ ќе платат 170 милиони евра обештетување за фантастичниот Белгиец и во Лондон ќе го испратат Матео Ковачиќ на перманентен трансфер.