Реал Мадрид го заврши преодниот рок – доста им е само Брахим Дијаз?!

Актуелниот европски и светски првак Реал Мадрид го заврши преодниот рок и ќе остане со само едно засилување зимава, откако пред две недели го донесе младиот Брахим Дијаз од Манчестер сити за 15-на милиони евра.

Мадридскиот спортски весник „АС“, објави дека на „Сантјаго Бернабеу“ донеле одлука дека нови засилувања на тимот кој го предводи Сантјаго Солари не се потребни и дека Дијаз е единственото вредно засилување, па со истиот тим ќе се обидат да ја бранат круната од Киев освоена во мај лани.

Мадриѓаните беа зимава поврзувани со многу други имиња, но очигледно сите бомби се оставени за на лето, кога се очекува голема реконструкција на тимот на „кралскиот клуб“ и ангажман на неколку екстра засилувања.

Останува да се види дали навистина Реал Мадрид го завршил зимскиот пазар, или од „Бернабеу“ ќе изненадат до крајот на преодниот рок со уште некое име.