Реал Мадрид го договори Лука Јовиќ за 60 милиони евра

Лука Јовиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објавува германската телевизија „Скај Спорт“. 

Ајнтрахт Франкфурт се согласил да го продаде Србинот во редовите на „кралевите“ за 60 милиони евра. Јовиќ игра фантастична сезона во дресот на бундеслигашот и постигна 27 голови на 47 натпревари во сите конкуренции. 

21-годишниот напаѓач ја игра втората сезона во Франкфурт како позајмен фудбалер од редовите на Бенфика. Двата тима се договорија за целосен откуп на неговиот договор. Франкфурт ќе инкасира најголем дел од трансферот на Јовиќ во Реал Мадрид, но и Португалците ќе добијат една петина од вкупната сума.