Реал Мадрид договори нов голгетер - не е Хери Кејн

Најголемата болка сезоната во таборот на Реал Мадрид е нападот. Освен Кристијано Роналдо, тренерот Зинедин Зидан нема друг расположен напаѓач.

Карим Бензема е надвор од форма, а Герет Бејл најголем дел од сезоната ја преседе на трибините поради повреда. Флорентино Перез иако напорно работи на сензационален трансфер на Нејмар од ПСЖ, шпанските медиуми веќе на големо пишуваат дека „кралевите“ ќе имаат и нов голгетер.

Иако се споменуваше Хери Кејн како еден од главните кандидати да ја наследи „деветката“ од Карим Бензема, се чини дека „лос бланкос“ во своите редови ќе го доведат Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Полјакот бара нов предизвик во кариерата, откако во Германија доминира со „баварците“, а негова голема желба е да го облече дресот на Реал Мадрид. Овој фудбалер често беше поврзуван со преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот агент во неколку наврати имал јавни состаноци со Флорентино Перез.