Реал Мадрид до Тотнем: Го сакате Асенсио? Клаузулата е 700 милиони евра

Тотнем е еден од тимовите заинтересирани за Марко Асенсио од Реал Мадрид. Премиерлигашот дури и официјално се распрашувал за крилниот фудбалер, но одговорот од „Сантијаго Бернабеу“ ги шокирал. 

Асенсио не е за продажба, одговориле од Реал Мадрид. „Ако некој го сака фудбалерот, тогаш нека ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра“, вели спортскиот директор на клубот, Хозе Ангел Санчез. 

Шпанскиот репрезентативец има договор со „кралевите“ до 2023 година, а Зинедин Зидан исто така го смета како еден од најважните фудбалери во тимот.