Реал Мадрид чека во „заседа“: Мбапе има сè полош однос со Тухел

Реал Мадрид долго време е заинтересиран за услугите на францускиот напаѓач Килијан Мбапе, но досега не успеа да го ангажира од ПСЖ. Сепак, младиот фудбалер во последно време не е во најдобри односи со тренерот Томас Тухел, па повторно се отвори можноста за потенцијален трансфер.

ПСЖ во Лигата на шампиони гостуваше кај Клуб Бриж, а Тухел не го пушти Мбапе во игра од првата минута, туку од 52. Но, тоа не го спречи Французинот да постигна хет-трик, по што кажа дека е време да добие поголема одговорност во некој клуб.

Мбапе и Тухел соработуваат 15 месеци, но никако не се сложуваат, па тоа предизвика шпекулации во шпанските медиуми дека Французинот сака да замине. Шпански „АС“ пишува дека „кралевите“ ја следат ситуацијата во Париз и го чекаат моментот кога ќе тргнат по потписот на напаѓачот.