Реал има „план Б“: Ако не го купат Азар, тогаш ќе „украдат“ друга ѕвезда од Лондон

Реал Мадрид веќе некое време е заинтересиран за ѕвездата на Челси, Еден Азар, кој претходно кажа дека сон му е да настапува во „кралскиот клуб“, но шпанската екипа има алтернатива во случај да не успее да го убеди Белгиецот да дојде кај нив.

Шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот во телефонски разговор со тренерот Зинедин Зидан покажал желба за преселба во Реал, но потоа се појавија одредени проблеми и преговорите за трансферот застанаа.

„Кралевите“, доколку не го ангажираат Белгиецот, ќе се обидат да ја купат ѕвездата на Вест хем, а станува збор за Фелипе Андерсон, кој настапува фантастично во Премиерлигата.

Андерсон беше еден од најталентираните бразилски фудбалери, а од Сантос во 2013 година се пресели во Лацио, каде што постигна 33 голови и 41 асистенција во 176 настапи.