Реал го руши светскиот рекорд: Лопетеги ќе бира меѓу Куртоа и Облак!?

Реал Мадрид денеска објави дека нов тренер на екипата ќе биде Хулен Лопетеги, а веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој ќе го замени Кејлор Навас на голманската позиција.

Желбите на Флорентино Перез се познати, а тоа се Тибо Куртоа од Челси и Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Куртоа има договор со Челси до 2019. година, па летово ќе биде идеален момент за клубот од Лондон да го продаде за добра сума.

Втора опција за Реал е Облак, за кој „кралевите“ претходно покажаа интереес, но тогаш Словенецот потпиша нов договор со Атлетико.

Едно е сигурно, а тоа е дека Перез одлучил да го урне светскиот рекорд за голмани, па можеби ќе се одлучи дури да понуди 100 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Облак.