Раул се враќа во Шалке овој пат како тренер?

Шалке нема победа веќе 11 натпревари во Бундеслигата, а по рестартот на сезоната има четири порази на четири натпревари. Позицијата на Давид Вагнер како тренер на клубот е доведена во прашање.

Германските медиуми веќе почнаа да шпекулираат со имиња кои би го замениле на клупата, а меѓу нив е и Раул Гонзалес Бланко. Легендата на Реал Мадрид моментално го води вториот тим на „кралевите“ и тоа е негов прв тренерски ангажман во кариерата.

Раул своевремено по заминување од Реал Мадрид играше две сезони за Шалке. Остави силен впечаток во Гелзенкирхен па затоа сега влегува во комбинација и за тренер на првата екипа.