
Рашфорд не барал гаранции од Барселона - сакал само да избега од Манчестер!
Барселона прифати да му ја исплаќа платата на Рашфорд, а исто така да плати и 10 милиони за позајмица, меѓутоа јасно е дека каталонскиот гигант има финансиски проблеми и не е познато дали ќе успее да го регистрира Англичанецот.
Репрезентативецот на „Гордиот Албион“ очигледно не бил премногу загрижен и не побарал никакви гаранции од Барселона, туку сакал само да го напушти „Олд Трафорд“.