Рашфорд му го загорчи враќањето на Мурињо на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед успеа да слави во дербито против Тотнем со 2-1 во 15. коло од Премиерлигата, па така ја прекина лошата серија.

Маркус Рашфорд во шестата минута ја искористи грешката на голманот на гостите од Лондон, па постигна погодок за 1-0, додека Деле Али во 39. минута израмни на 1-1.

Во второто полувреме Рашфорд од пенал го врати водството за „црвените ѓаволи“, кои до крајот на мечот успеаа да ја одржат предноста и да освојат три бода.

Челси по два порази по ред во англискиот шампионат конечно успеа да слави и тоа потешко од очекуваното против Астон вила со 2-1.  Стрелци на погодоците за домаќините беа Тами Абрахам и Мејсон Маунт, додека за гостите стрелаше Трезеге.

На останатите натпревари Лестер славеше со 2-0 против Вотфорд, Саутемптон го победи Норич со 2-1, а Вулверхемптон го „тресна“ Вест хем со 2-0.