
Рашфорд дефинитивно потпишува со Барселона – Јунајтед го пушта на позајмица!
Каталонскиот гигант истовремено се договори со Манчестер Јунајтед за едногодишна позајмица, со можност за откуп на крајот од сезоната. „Ѓаволите“ неофицијално, ќе инкасираат 10 милиони евра за позајмицата и ќе заштедат дополнителни 15 милиони од платата на Рашфорд за следната сезона. Фудбалерот е подготвен дури и да прифати намалување на личните примања, само за да се пресели на „Камп Ноу“, клуб што долго време го посакува како следна дестинација во кариерата.
Во случај Барселона да биде задоволна од настапите на Рашфорд, ќе има можност да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за сума од околу 50 милиони евра.