Рангник почна со „одмаздата“ кон Јунајтед – го советувал Калајџиќ да не оди во Манчестер!

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, кој имаше неуспешна авантура на „Олд Трафорд“ во изминатата сезона како наследник на Оле Гунар Солшер почна да му се одмаздува на англискиот великан, па на чекор е да им урне еден трансфер кој го планираа во таборот на бившиот првак.

Јунајтед бара вистински центарфор и меѓу низата имиња, му фрлија око на австрискиот репрезентативец со српско потекло, Саша Калајџиќ, кој е член на Штутгарт и соиграч на Дарко Чурлинов. Џинот од 200 сантиметри му се допаѓа на Ерик Тен Хаг, арано ама сопка сега им ставил Рангник.

Како што објави „Скај Германија“, Рангник кој е селектор на Австрија сериозно го советувал Калајџиќ да не оди во Јунајтед и многу извесно е дека напаѓачот сега по советите на својот селектор нема ни да прифати понуда ако дојде, иако пак останува само на него да реши каде ќе игра во случај Јунајтед и Штутгарт да се договорат.

Рангник во минатата сезона дојде како привремено решение и потоа требаше да остане во Јунајтед како советник за спортски прашања, но откако ја прифати понудата да биде селектор на Австрија комплетно се раздели со „црвените ѓаволи“.