Рамос му кажал на Флорентино Перез кои двајца фудбалери да ги купат!

Реал Мадрид игра една од најслабите сезони во последните десет години, а изгледа тоа најтешко му паѓа на капитенот Серхио Рамос. Со еден натпревар помалку од конкурентите, кралскиот клуб се наоѓа на четвртото место на табелата, а Рамос на своја рака презема иницијатива да се променат работите.

Шпанските медиуми информираат дека Рамос имал состанок со Флорентино Перез, на кој му соопштил две имиња кои би сакал да ги донесат во клубот. Интересно и двајцата се централни дефанзивци, како него.

Првиот е Леонардо Бонучи, кој летово премина од Јувентус во Милан. Финансиските проблеми кои ги има Милан го натерале Бонучи да посака да си оди, а тој е 30-годишен, искусен фудбалер со многу големи натпревари во нозете. На Реал му треба токму тоа, стабилност и сила во задната линија, згора на тоа со играч кому не му треба многу за да се прилагоди.

Бонучи би бил партнер на Рамос, наместо Рафаел Варан, кој има слаба сезона, а и онака на лето би можел да замине кај Жозе Мурињо, во Манчестер јунајтед.

Втората желба на Рамос исто така доаѓа од Милан. Станува збор за Алесио Ромањоли, уште еден стопер, но овој 23-годишен, кој би можел да процвета во Реал и со години да биде столб во одбраната. Флорентино Перез купи такви играчи во Начо и Валјехо, но никој од нив не го убедил Рамос дека може да го држат клубот на плеќи во иднина.