Рамос има повеќе голови во Ла Лига од тројца легендарни фудбалери

Серхио Рамос денеска во победата од 3-1 на гости кај Барселона го постигна својот 100-ти гол во кариерата во дресот на Реал Мадрид. 

Оваа бројка особено е импресивна, бидејќи се работи за дефанзивец. Капитенот на „кралевите“ има повеќе постигнати голови од легенди како Зинедин Зидан (49), Луис Фиго (86), Чави (58).

Рамос е задолжен за изведување на пенали во Реал Мадрид, но често знае да погоди и од игра, а особено е опасен при корнери.