Рамос им одржал жестока лекција на две ѕвезди во соблекувалната на Реал Мадрид

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос е вистински лидер во Реал Мадрид, а не за џабе ја носи долго време и капитенската лента на тимот. Неговиот бес го почуствувале две ѕвезди на шпанскиот шампион по „Ел Класико“.

Рамос им одржал жестока лекција на Иско и Марсело поради лошите настапи и наводно им порачал дека не се трудат доволно кога ќе добијат шанса на теренот.

Марсело ја носеше капитенската лента во поразот од Шахтер Доњецк кога ја покажа лошата форма, додека Иско настапи во поразот од Кадиз, по што Рамос ги загубил нервите по триумфот во „Ел Класико“.

Дека има некаков проблем во соблекувалната покажа и тренерот Зинедин Зидан, кој не им даде шанса на Иско и Марсело против Борусија Менхенгладбах.