Раката на Ракитиќ по операцијата изгледа страшно! (ФОТО)

Иван Ракитиќ е на рехабилитација по операцијата на левата рака, но се очекува да биде подготвен за натпреварот во Кралскиот куп во кој Барселона ќе игра против Севилја.

Хрватскиот репрезентативец ќе мора да игра со посебна заштита на раката, зашто таа изгледа застрашувачки.

„Сега морам да стиснам заби и да излезам на теренот. Ако треба, ќе скршам и друг прст, само за да победиме“, кажа Ракитиќ.